Шпанската судиска комисија на недоредено време го суспендира судијата Лахос, кој во четвртокот ја делеше фудбалската првада на натпреварот Лас Палмас-Барселона (1:1).
Како што информираат шпанските медиуму на состанокот кај угледниот судија Едуардо Итуралде Гонзалес била извршена екпертиза, која покажала дека Лахос со три грешки тешко ја оштетил Барселона.
Лахос не му покажал црвен картон на голманот на Лас Палмас, кога тој во финишот на првиот дел, со рака играше надвор од својот шеснаесетник. Погрешна била и одлуката да досуди пенал за Лас Палмас во 48.минута, а исто така експертизата покажала дека на Галвез за стартот врз Меси требало да му покаже црвен, а не жолт картон.
Лахос е суспендиран на неодредено време.
Инаку Барселона со ремито кај Лас Палмас му дозволи на Атлетико да му се доближи на само пет бода. Барса и Атлетико играат утре од 16:15 во дербито на 27.коло.