Top Sport

Свонси ги „згрижи“ браќата Ају

Свонси го вратија во својот тим напаѓачот од Гана, Андре Ају од Вест Хем јунајтед во рекорден трансфер на велшкиот премиерлигаш.

Според британските медиуми договорот вреди 18 милиони фунти, а ќе достигне до 20 милиони кога ќе се исплатат бонусите, што всушност претставува иста сума која „чеканите“ ја платија за него во 2016 година.

„Ају потпиша три и пол годишен договор на ’Либерти’“, објавија од Свонси.

Со овој потег 28-годишниот Ају ќе се „обедини“ со својот помлад брат Џордан, кој во последните натпревари е најдобар стрелец на „лебедите“. Андре Ају постигна 12 гола во 34 настапи за Свонси во сезоната 2015/16.

Scroll to Top