Top Sport

Свонси ќе ги бојкотира друштвените мрежи 7 дена поради расизам

Фудбалскиот клуб Свонси и неговите играчи 7 дена комплетно ќе ги бојкотираат друштвените мрежи поради неодамнешните навреди на расна основа кои ги добија дел од фудбалерите.

Како што е соопштено, клубот од Чемпионшип од денеска од пладне па во наредните 7 дена ништи нема да објавува на Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Линкдин, Јутјуб, Тикток и Снепчет.

Од клубот побараа од директорите на Твитер и Фејсбук построги полициски мерки и казни за оние кои поставуваат расистички пораки.

„Во последните неколку недели тројца играчи од нашиот тим беа навредувани на расна основа, а ние како екипа сакаме да заземеме ваков став за повторно да ги повикаме оние кои ги предводат друштвените мрежи да направат промена сега и во иднина“ изјави капитенот на Свонси, Мет Грејмс.

Џемал Лов, Бен Кабанго и Џан Данда се тројцата фудбалери кои минатите два месеци беа мета на расисти во велшкиот фудбалски колектив.

Scroll to Top