Top Sport

Свонси со осум парчиња за четвртолигашот Нотс Каунти (видео)

Добрите игри на Свонси продолжуваат, откако велшкиот клуб со 8:1 го совлада Нотс Каунти во повторениот натпревар од четвртото коло на ФА купот.

Првиот меч заврши 1:1, но на „Либерти“ стадионот во Свонси, домашниот клуб немаше милост за четвртолигашот, постигнувајќи четири гола во првото полувреме и уште четири во второто.

Во четвртото коло на ФА купот е и тимот на Рочдејл, откако третолигашот со 1:0 го совлада второлигашот Милвол, како и Хадерсфилд, кој во продолжението славеше со 1:4 на гостувањето кај Бирмингем.

Scroll to Top