Тимот на Свонси го продолжи „препородот“ под водство на тренерот Карлос Карваљал, откако Кореецот Ки Сунг-Јонг во 81. минута го постигна единствениот гол за 1:0 победа над Барнли.
Ова е петти натпревар во кој тимот од Велс е непоразен во Премиер лигата, откако беше „закован“ на дното, период во кој имаа забележителни победи над Арсенал и Ливерпул, а се пласираа и во осминафиналето на ФА купот. Од другата страна Барнли веќе девет натпревари нема победа во ПЛ. Свонси сега е на 15. место во Премиер лигата.
Вест Хем се врати на победите, по солидната 2:0 победа над Ватфорд, благодарение на головите на Чичарито и на Марко Арнаутовиќ. Во другите натпревари, Евертон со 3:1 го совлада Кристал Палас, додека Стоук не искористи пенал во финишот на мечот за 1:1 реми со тимот на Брајтон.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 27.КОЛО
Евертон – Кристал Палас 3:1
Стоук – Брајтон 1:1
Свонси – Барнли 1:0
Вест Хем – Ватфорд 2:0