Top Sport

Тадиќ херој на Саутемптон, Кристал Палас го декласира Лестер

Фудбалерите на Саутемптон го победија Борнмут 2:1 и останаа во трката за опстанок во Премиер лигата. „Свеците“ сега се наоѓаат на само еден бод од безбедната зона.

Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ го спаси Саутемптон со двата гола. Тадиќ во 25.минута ја реализираше перфектната контра на „свеците“, а во 54.минута постигна гол по една соло акција. Голот за Борнмут го постигна Кинг на истекот на времето во првото полувреме.

Најубедливата победа, во попладневните, натпревари ја забележа Кристал Палас, во дуелот со поранешниот првак Лестер. Палас славеше со 5:0, а стрелци беа Заха, Мекартур, Лофтус-Чик, Нентеке и Ван Анхолт. Лестер од 56.минута играше со фудбалер помалку, бидејќи Олбрајтон доби директен црвен картон.

Њукаслна „Сент Џејмс Парк“ загуби 0:1 од отпишаниот ВБА, Евертон победи со 2:0 кај Хадерсфилд, а натпреварите Ливерпул-Стоук и Барнли-Брајтон завршија без голови.

Scroll to Top