Top Sport

Тадиќ: Сите сме капитени, не само јас!

Новоизбраниот капитен на фудбалската репрезентација на Србија, асот на Ајакс, Душан Тадиќ на он-лајн прес-конференција зборуваше за одговорноста која сега ја има кога капитенската лента е на неговата рака.

„Кај нас премногу значење и се придава на капитенската лента, тоа не е толку важно. Еден од најискусните сум, кај мене е најголемата одговорност, но сите мора да преземаме одговорност, сите мора да сме капитени“ рече Тадиќ.

Тој раскажа и за впечатоците од новиот селектор на „орлите“, Драган Стојковиќ Пикси.

„Многу позитивни се. Вчера кога го завршивме состанокот, сакав некој тоа да го снимаше. Реакцијата кај сите нас беше одлична. Се виде од првиот момент дека кај нас сака да ја всади неговата енергија, самодоверба, харизма, шарм… Мислам дека сите тоа го почувствуваа. Сакаме неговите идеи да ги спроведеме на терен“ рече Тадиќ.

Scroll to Top