Top Sport

Тадиќ: Срамота! Вака се играше пред 60 години

Играчот на Ајакс Душан Тадиќ бил многу лут по синоќешната победа на Србија над Луксембург во квалификациите за ЕУРО 2020.

Србија, во Белград, без присуство на публика, забележа победа над Луксембург 3:2. Два гола за Србите постигна напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ.

„Фудбал без трчање не се игра. Ќе биде подобро кога ќе го разбереме тоа. Така можеше да се игра пред 60 години, но денес не може, колку да се квалитетни“, рекол Тадиќ.

Тадиќ особено бил незадоволен од начинот на кој што Србија го одиграла второто полувреме.

„Срамота, срамота…“.

Србија има само теоретски шанси да се пласира на ЕП преку квалификациите, за такво лудо сценарио е потребно тие да ја победат Украина, а Луксембург да не загуби од Португалија.

„Тешко…Пред се ние треба да се одмаздиме за поразот во Украина“, нагласил Тадиќ.

Дуелите Србија-Украина и Луксембург-Португалија ќе се одиграат в недела.

Scroll to Top