Тажна вест за Бадник го погоди португалскиот фудбал. Младиот фудбалер на Боависта Еду Фереира ја загуби битката со тешката болест и почиба на 20-годишна возраст.
Пред една година на младиот фудбалер му бил дијгностициран канцер.
„Почина, но никогаш нема да не напушти. Тој денес е уште една ѕвезда на небото“, порачале од неговиот клуб.
Edu partiu, mas nunca nos vai deixar!
Hoje, há mais uma estrela no Céu ?
Descansa em Paz, Edu! pic.twitter.com/Qdstqqv4BJ— Boavista FC (@boavistaoficial) December 24, 2017
Фереира лани ги запиша првите минути во дресот на Боависта, но потоа мораше му се посвети на животниот натпревар, кој вчера го загуби.