Top Sport

Тајмс: Сити за Меси подготвиле 10-годишен договор

Манчестер сити имале намера да му понудат десет годишен договор на Лионел Меси. „Тајмс“, тврди дека Аргентинецот по завршувањето на кариерата би станал амбасадор на клубот.

Меси има договор со Барселона до 30.јуни 2021 година. Иако, Џозеп Марија Бартомеу повеќе не е претседател на клубот, во Барселона не е се оптимисти дека тој ќе потпише нов договор.

Поради тоа Манчестер сити веќе започнале да работат на овој случај. Подготвиле десет годишен договор, односно кога ќе ја заврши кариерата, тој самиот ќе одбере во кој од осумтте клуба, кои во сопственост на „Сити групата“, ќе работи.

„Тајмс“ во својот текст не наведува колкава сума пари се подготвени богатите сопственици на Манчестер сити да му понудат на еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.

Scroll to Top