Top Sport

Тајната клаузула му овозможува на Меси да влијае врз трансферите

Минатата недела заврши сагата околу новиот договор на Лионел Меси со екипата на Барселона. Аргентинецот се обврза на „Ноу Камп“ да остане до јуни 2021 година, а според договорот неделно ќе заработува 520.000 евра.

Барселона во новиот договор на Меси вметна откупна клаузула од 700 милиони евра, не сакајќи на клубот да му се повтори Нејмар, а според одредени медиуми, во договорот постои уште една тајна клаузула, на која инсистирал фудбалерот.

Имено, Меси во минатото го одобрил најпрвин трансферот на Луис Суарез, а потоа и на Паулињо, иако двајцата беа под лупа на медиумите, кои сметаа дека тие немаат квалитет за Барселона.

Згора на тоа, Луис Суарез поради суспензијата за случајот „Кјелини“ немаше веднаш право на настап за „Балуграна“.

Поради овие свои добри одлуки Меси побарал да има влијание во трансферите. Значи, доколку во иднина Барселона сака да ангажира некој фудбалери, за трансферот ќе мора да го аминува и Меси.

Конечно! Меси потпиша со Барселона, откупна клаузула од 700 милиони!

Scroll to Top