Top Sport

Така се прави! Вилаш Боаш ги врати фудбалерите да се поздрават со навивачите (видео)

Лутиот тренер на Марсеј, Португалецот Андре Вилаш Боаш ги натера фудбалерите на Марсеј да се вратат на теренот и да се заблагодарат на навивачите по слабиот натпревар и 0:0 ремито со Марсеј.

Поранешниот тренер на Челси, мораше да ги врати своите фудбалери да се заблагодарат на навивачите кои допатуваа во западна Франција за да ги гледаат своите миленици. На снимките се гледа како Вилаш-Боаш луто гестикулира кон своите навивачи да аплаудираат на навивачите откако неговиот тим не успеа да стигне до првата победа во новата сезона

41-годишниот Вилаш Боаш ја презеде контролата на еден од најпопуларните француски клубови по заминувањето на Руди Гарсија по освоеното петто место во Лига 1 минатата сезона.

Scroll to Top