Top Sport

Така се сака својот клуб – Кваљарела си ја намали платата да помогне на Сампдорија

Напаѓачот на Сампдорија, Фабио Кваљарела доброволно се откажал од дел од својата плата за да помогне на клубот од Џенова во финансиската криза.

Самп поради отсуството на навивачите на трибините, реши оваа сезона да воведе ограничување на годишната плата на 1 милион евра годишно и Кваљарела, според „Тутоспорт“ веднаш се согласил со тоа. За разлика од него, напаѓачот Гастон Рамирез не го направил истото, и Уругваецот најверојатно ќе си замине во друг клуб.

Кваљарела, кој пристигна од Торино во јули 2016 година, наполни 37 години во јануари, но има клучна улога во тимот на „Мараси“. Тој е капитен на Сампдорија и во 2019/20 постигна 11 гола во 28 меча.

Scroll to Top