Top Sport

Такефуса Кубо пратен на „калење“ во Хетафе

Реал Мадрид му ја исполни желбата на младиот Јапонец Такефуса Кубо, прекратувајќи ја позајмицата со Вилјареал, и праќајќи го во Хетафе до крајот на сезоната.

19-годишниот Кубо, кого многумина го најавуваат како „следниот Меси“, беше пратен во Вилјареал, откако лани играше како позајмен во Мајорка и имаше 36 настапи. Бидејќи во „жолтата подморница“ немаше место во првиот тим и тоа му го призна тренерот Унаи Емери, Реал се договорија со Хетафе, клубот од предградијата на Мадрид.

Хетафе ќе биде четврти клуб на тинејџерот, откако тој започна во славната академија на Барселона, „Ла Масија“, но поради прекршување на договорот не му беше понуден професионален договор. Реал го „грабнаа“ во 2019 година и тој има петгодишен договор со „кралскиот клуб“.

Scroll to Top