Вест Бромвич Албион (ВБА) ги казни четворицата фудбалери кои минатиот четврток, за време на клупскиот излет во Барселона, украдоа такси возило со вкупно 500.000 евра.
Најискусните во тимот, капитенот Џони Еванс (30), Џек Ливермор (28), Герет Бери (36) и Боаз Мајхил (35), по полноќ решиле на своја рака да одат во Мекдоналдс на доцна вечера.
Иако Мекдоналдс бил оддалечен само десетина минути од хотелот каде престојувала експедицијата на ВБА, четворицата играчи на враќање од ресторанот до хотелот решиле да „позајмат“ такси.
Возилото го оставиле на улицата во која се наоѓа хотелот. Сопственикот веднаш пријавил дека четворица му го украле таксито. Фудбалерите многу бргу биле приведени во полициска станица.
Еванс, Ливермор, Бери и Мајхил по настанот упатија озвинување до соиграчите, тренерот и навивачите, шпанската полиција ја прекинала истрагата поради недостиг на докази, а сопственикот на таксикот не сакал да ги тужи.
ВБА покрена интерна истрага и клубот решил да ги казни фудбалерите со по две неделни плати што вкупно изнесува 500.000 евра.
Инаку тренерот Алан Пардју ги однеч играчите на краток одмор во Шпанија за што подобро да се подготват за финишот на сезоната во која ВБА води грчевите борба за опстанок во Премиер лигата.