Манчестер јунајтед го идентификувале Ралф Рангник како најсериозен кандидат да го смени Оле Гунар Солскјер по 0:2 поразот од Манчестер сити, кога станало јасно дека во клубот недостасува фудбалска тактика и филозофија, тврди британскиот „Атлетик“.
Сега, откако изгледа дека работите се договорени со 63-годишниот Германец и неговиот досегашен клуб, Локомотив Москва, каде што работеше како спортски директор во развојот на тимот.
Директен контакт со Германецот, со прекар „Професор“, бил направен преку Џон Мурто, Ед Вудворд и Ричард Арнолд, а тој во вторникот пристигнал во Лондон, од каде преку „Зум“ повик со техничкиот директор Дарен Флечер ги објаснувал плановите за менување на фудбалската филозофија на „Олд Трафорд“.
Рангник се нафатил на работата, откако му било ветено дека барем до 2024 година ќе биде консултант на клубот, а Јунајтед конечно, ќе се обидат да го донесат и Маурисио Почетино на крајот на сезоната, во менување на пристапот – наместо да се потпрат на мотивациските техники на Солскјер, конечно, да работат на техниката и тактиката. Разликата во пристапот најдобро беше забележана при тешките порази од Ливерпул и Манчестер сити, кога играчите на Јунајтед беа „загубени“ на теренот.
Рангник сега ќе ги разгледа квалитетите на тимот на Солскјер кој остана во клубот – Мајк Фелан, Киеран Меккена и Мајкл Керик, а побарал со себе да донесе и сопствен видео-аналитичар и уште еден асистент.