Top Sport

Талентот Еланга потпиша долгогодишен договор со Јунајтед

Тинејџерот на Манчестер јунајтед, Ентони Еланга потпиша нов долгогодишен договор со клубот, останувајќи на „Олд Трафорд“ барем до летото 2026, како последен од фудбалерите од академијата на „ѓаволите“ кој потпишува ваков договор.

19-годишното крило, кој има пет настапи во првиот тим по дебито во мај 2021 година и постигна гол на вториот премиерлигашки старт против Вулверхемптон во последното коло минатата сезона, исто така доби шанса да игра и во Лигата на шампионите.

„Секогаш главната цел беше да се игра за Манчестер јунајтед. Стандардот во овој клуб е многу висок и овој договор е само следниот чекор во долгиот пат. Тука имаме врвни фудбалери и тренери и пресреќен сум што ми дадоа доверба во овој момент. Слава на Бога секогаш“, изјави Еланга.

Scroll to Top