Top Sport

Талентот на Рома, Тахировиќ потпиша за Ајакс

Како што се очекуваше, Рома го продаде младиот репрезентативец на БиХ, Бенјамин Тахировиќ на Ајакс за 8.5 милиони евра, плус процент од потенцијалната следна продажба.

20-годишниот Тахировиќ е роден и израснат во Шведска, од каде што стигна во академијата на Рома во февруари 2021 година, по што имаше и три настапи за репрезентацијата на Босна и Херцеговина. За нго беа заинтересирани и Олимпик Марсеј, Џенова, Сасуоло и Салернитана.

Тој доби шанса да заигра за првиот тим на Рома оваа сезона со 11 настапи во Серија А.

Scroll to Top