Аргентинскиот интернационалец Николас Таљафико е нов член на францускиот прволигаш Лион. Тој потпиша тригодишен договор, а Ајакс доби отштета од 4 милиони евра.
Таљафико се споменуваше и како можно засилување на Манчестер Јунајтед, но на крајот се пресели во Франција.
Тој претходно во Аргентина настапуваше за Индепендиенте и за Банфилд.