Top Sport

Тами Ејбрахам, фудбалски актер на годината

Фудбалерот на Рома, Тами Ејбрахам беше во центарот на вниманието по финалето на Конференциската лига. Рома го доби финалето, најдобриот стрелец на „волчицата“ Ејбрахам не постигна гол, туку го привлече вниманието со еден неспортски потег.

Кон крајот на натпреварот Ејбрахам по контактот падна на теренот и го фати за ногата. Англичанецот се држеше за ногата и имаше болна гримаса на лицето, но потоа во еден момент нагло го промени изразот и намигна, веројатно на еден од соиграчите, покажувајќи дека е добро.

Ова намигнување на Ејбрахам и помогна на Рома, бидејќи избраниците на Жозе Мурињо на тој начин украдоа уште малку време и го оставија Феенорд без шанса да постигне израмнувачки гол.

 

Scroll to Top