Top Sport

„Танцот“ на хрватската претседателка стана хит на Интернет (видео)

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ стана хит со своето танцување по голот на Домагој Вида, кој на крајот не се покажа како клучен за победата на Хрватите над Русија.

Грабар-Китаровиќ, во друштво со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и рускиот премиер, Димитриј Медведев, постојано страсно гестикулираше за време на мечот, но кога Вида го „заби“ голот за 2:1 водство во првото продолжение реши и да потанцува малку.

Сепак, ова не беше конечниот резултат – Русите израмнија на 2:2, по што во драматична пенал-серија повторно победија и обезбедија полуфинале на СП против Англија.

Прославата на Грабар-Китаровиќ потоа продолжи во соблекувалната на Хрватска.

Хрватска со нова пенал-драма до големо полуфинале против Англија!

Scroll to Top