Александар Таневски повеќе не е тренер на Акамдемија Пандев. Клубот очајно влезе во новата сезона, има само една победа во првите пет кола. Еднствената победа ја забележаа против Струга (1:0) и тоа е единствениот гол што Пандевци го постигнаа од почетокот на првенството.
„Александар Таневски не е повеќе тренер на Академија Пандев. По вчерашниот пораз, шефот на стручниот штаб си поднесе оставка, која управата ја прифати. Причина за оставката се лошите резултати во воведните пет кола од стартот на новата сезона. Управата на Академија Пандев му се заблагодарува за вложениот труд и му посакува се најдобро во понатамошната кариера“, објави клубот од Струмица.
Со освоени три бода Академија Пандев се наоѓа на претпоследното место на табелата.
извор/facebook.com/fkakademijapandev