Top Sport

Тапија открил што им зборувал Фалкао

Перуанскиот репрезентативец Ренато Тапија потврдил дека Колумбиецот Радамел Фалкао побарал од своите соиграчи да престанат да играат.

Перу и Колумбија ремизираа во Лима 1:1 во последното квалификациско коло во јужноамериканската зона за пласман на Светското првенство во Русија. Овој резултат комбиниран со поразите на Чиле и Парагвај ги задоволи апетитите на двете репрезентации.

Колумбија остана на четвртото место и директно се пласира на мундијалот, а Перу како петтопласиран ќе игра дополнителен бараж.

Интересно, Перу со евентуална победа ќе избореше директен пласман ан СП, но сепак во финишот на мечот репрезентативците на оваа земја нагазија на топката не ризикувајќи да примат гол што ќе ги сместеше на шестото место.

„Брат, двајцата поминавме. Треба да сме среќни со овој резултат кој ни одговара. Јас, дефинитивно, сум среќен. Мечот го завршивме онака како што требаше“, ова му го шепнал Фалкао на Тапија.

Scroll to Top