Top Sport

Таре: Владата не може да го забрани фудбалот

Спортскиот директор на Лацио Игли Таре верва дека сезоната во Серија А ќе има завршница. Во Италија се уште нема одлука дали првенството ќе продолжи или ќе биде прекинато како што тоа го направија Белгија, Холандија и Франција.

Инаку, италијанската влада им дозволи на спортистите да тренираат, но во парковите, а тренинг центрите треба да бидат отворени на 18 мај.

„Слушнав дека оваа недела може да стигне налогот првенството да биде блокирано, но тие (Владат) не можат да го направат. ФИФА и УЕФА рекоа дека првенствата мора да завршат. Можеме да продолжиме и во јуни и да завршиме во август или септември, значи да го искористиме фактот дека Светското првенство ќе се игра во зима, во 2022 година. Доколку ја завршиме тековната сезона, тоа ќе ни биде големо искуство за почетокот на нареdната“, рекол Таре.

Спортскиот директор на Лацио не сакал да влегува во приказната околу шампионската титула. Лацио по пауза од 20 години има можност да ја освои титулата, на табелата овој клуб има еден поен помалку од Јувентус.

„Да зборуваме за Скудетото кога до крaјот има уште 12 кола, односно кога во игра се уште 36 поени не е серизоно. Не верувам дека ќе бидеме истиот тим, а и останатите, кога ќе биде рестартирана сезоната. Вчера кога беше објавено дека мoже да се тренира сите славеа“.

Scroll to Top