Top Sport

Таркович ќе ја предводи Словачка на ЕУРО 2021

Штефан Таркович е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Словачка. Националниот сојуз реши да му ја довери репрезентацијата на Таркович откако тој успеа, како привремен селектор, да се пласира на ЕУРО 2021.

Таркович стана в.д. селектор пред два месеци, откако Павел Хапал доби отказ поради лошите резултати во Лигата на нации.

Фудбалскиот сојуз на Словачка објави дека Таркович потпишал договор до крајот на 2021 година, со можност тој да биде продолжен доколку избори пласман на Светското првенство во Катар.

Словачка на ЕУРО 2021 се пласира преку баражот и драматичната победа над Северна Ирска. На ЕП Словаците се во Е-групата заедно со Шпанија, Шведска и Полска.

Scroll to Top