Ѕвездата на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, најпознатиот фудбалер во историјата на Габон се налути откако националната федерација на африканската нација реши да именува нов селектор – неговиот татко Пјер-Франсоа Обамејанг.
Наместо да биде среќен од оваа одлука, Обамејанг на Инстаграм напиша долго „писмо“ до федерацијата обвинувајќи ја за „аматеризам“ тврдејќи дека неговиот татко никогаш не се согласил да стане селектор бидејќи е болен.
„Денот кога нашата федерација ќе престане да биде аматерска, можеби националниот тим ќе може да тргне напред и да има добри резултати. Се прашувате кои се моите проблеми? Зошто не сакам да дојдам да играм за националниот тим? Уште еднаш ми дадовте причина“, напиша Обамејанг.
По оваа реакција, Габонската фудбалска федерација, објави дека таткото на Обамејанг ќе биде поставен за „придружен“ селектор на тимот и објаснија дека договорот уште не е потпишан.