Top Sport

Таткото на Игуаин тврди: Невозможно е мојот син да се врати во Ривер Плата

Иако постоеја шпекулации кои го поврзуваа со трансфер назад во неговиот стар клуб Ривер Плата, таткото на Гонзало Иугаин вели дека тоа е невозможна мисија, барем засега.

Напаѓачот на Јувентус ја почна кариерата во Ривер, клуб за кој дебитираше како тинејџер во 2005, пред да направи трансфер во Реал Мадрид во 2007 и да помине седум сезони на „Сантијаго Бернабеу“ освојувајќи три титули. Игуаин по тешката сезона 2018/19 во која беше позајмен на Милан и на Челси, се врати во Јувентус под својот омилен тренер Маурицио Сари и во 33 настапи постигна осум гола.

„Засега, тоа е невозможна мисија. Гонзало има договор за оваа и за следната сезона со Јувентус. Знам дека тој би сакал, но иднината е во Европа“, изјави неговиот татко, Хозе Игуаин.

Минатата година, Игуаин зборуваше за својата поврзаност со клубот.

„Секогаш ќе остане врската со Ривер, со фудбалерите и со навивачите. Не знам што ќе се случи, но во моментов сакам да играм за Јувентус“, изјави лани Игуаин.

Scroll to Top