Top Sport

Таткото на Скамака со француски клуч оштетил возила во тренинг-центарот на Рома

Бизарна вест доаѓа од Рим. Таткото на фудбалерот на Сасуоло кој е позајмен во Џенова, Џанлука Скамака, бил уапсен откако во тренинг центарот на Рома оштетил неколку автомобили.

„Месаџеро“, објави дека Емилијано Скамака, во тренинг центарот на Рома влегол облечен во дрес на Сасуоло и со француски клуч оштетил неколку автомобили, меѓу кои било и возилото на спортскиот директор Тијаго Пинто. Според медиумите, тој им се заканувал на сите кои му се нашле на патот.

Нема информации зошто таткото на Скамака решил да дивее на паркингот во тренинг центарот на Рома.

Во моментот кога бил уапсен тој немал никакви документи кај себе.

Инаку, Џанлука Скамака од 2012 година тренирал во младинската школа на Рома. Потоа се преселил во ПСВ Ајндховен па во Сасуоло. Бил член на сите младински селекции на Италија, се уште чека на деби за сениорскиот тим.

Scroll to Top