Top Sport

Тато Шмајхел од екстаза до солзи (галерија)

Голманската легенда Петер Шмајхел беше на трибините на стадионот во Нижни Новгород за да го гледа својот син Каспер и данската репрезентација како испаѓаат од осминафиналето на Мундијалот по драматичната пенал-серија против Хрватска.

Постариот Шмајхел, легенда на Манчестер јунајтед и на данската репрезентација, беше искрен во реакциите, откако прво беше супер-радосен откако Шмајхел јуниор го одбрани пеналот на Лука Модриќ во 116. минута од продолженијата, за потоа да не ја крие и тагата кога Данска беше елиминирана и покрај тоа што Каспер одбрани два пенали.

Субашиќ ги спасуваше хрватските фаворити

Scroll to Top