Top Sport

Тебас: Како ПСЖ може да дозволат да даваат 500 милиони евра за плати?

Реал Мадрид имаат доволно пари да ги купат и Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе ако го сакаат тоа, тврди претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас, кој исто така предупреди дека активностите на пазарот на играчи го праќаат фудбалот на наназад.

„Кралевите“ дадоа неколку понуди за Мбапе на Пари Сен-Жермен кои беа одбиени ова лето и покрај тоа што Французинот има само уште една година на договорот. Тебас, кој неодамна влезе во остри критики на ПСЖ и на француската Лига 1, сега го продолжи нападот на финансиски моќниот ПСЖ.

„Реал Мадрид продадоа играчи за 200 милиони евра, и имаат доволно пари да ги купат и Мбапе и Халанд. Не загубија пари. Не сфаќам како клуб кој загуби 400 милиони евра, троши 500 милиони евра на плати и може да си дозволи да одбие понуди како тие на Мбапе. Правилата во Франција не се почитуваат и тие штетат на европскиот пазар. Системот на УЕФА е погрешен и одиме наназад. Треба да дојдат инвеститори, но не со неограничен буџет и постојани загуби. Во ниту еден друг сектор не би било дозволено ова. Тие би сакале да освојат Лига на шампиони и да загубат милијарда евра. Така фановите ќе се среќни, но ќе го уништат фудбалот. Ова е опасна игра“, вели Тебас.

Scroll to Top