Претседателот на шпанска Ла Лига – Хавиер Тебас за „Мундо Депортиво“ го прокоментира заминувањето на Лео Меси од Барселона, но и од Шпанија.
„Јасно е дека сакаме да ги имаме најдобрите играчи во Ла Лига. Нејмар отиде, Кристијано отиде, а сега веќе го нема и Меси. Неговото заминување е трауматично, еден месец се беше како што треба и тогаш – пропаст. Болно е што си отиде, но напорно работиме да не ни падне вредноста на ТВ правата“ изјави Тебас.
Ла Лига во мај година му ги продаде ТВ правата на американски „ЕСПН“ на рок од 8 години за милијарда и 400 милиони долари.