Top Sport

Телефонски му кажале дека е на трансфер-листата

Францускиот голман Стефан Руфие (33) од наредната сезона нема да брани за Сент Етиен.

Челниците на клубот имаат намера во летниот преоден рок да направат целосна реконструкција на тимот. Според француските медиуми на голманот лошите вести му ги соопштиле преку телефон.

Руфие девет години е голман на Сент Етиен. За славниот клуб бранел на 383 натпревари.

Руфие во Сент Етиен е од 2011 година, претходно бранел во Монако и Бајона.

Три пати во кариерата го бранел голот на Франција.

Scroll to Top