Top Sport

Тен Хаг: Ериксен ќе се врати пред крајот на сезоната

Кристијан Ериксен „дефинтивино“ ќе заигра за Манчестер јунајтед оваа сезона, инсистира менаџерот Ерик Тен Хаг, иако првите прогнози по повредата на лигаментите на скочниот зглоб посочуваа дека Данецот ќе паузира до крајот на сезоната.

Ериксен беше повреден по бруталниот старт на Енди Керол на мечот со Рединг во ФА купот во јануари, но Тен Хаг смета да негов камбек во финишот на сезоната.

„Дефинитивно ќе заигра за нас повторно оваа сезона. Не можам да ви дадам точен датум, но неговата рехабилитација поминува добро и ќе го видиме повторно во нашиот дрес“, изјави Тен Хаг.

Scroll to Top