Top Sport

Тен Хаг ги „отпишал“ Мегваер, Санчо, Фред и Мектоминеј

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг сака во следните две недели да ги продаде Хери Мегваер, Џејдон Санчо, Фред и Скот Мектоминеј, бидејќи не смета на нив во иднина, а исто така му се потребни средства за засилувања во летниот преоден рок, тврди „Индепендент“.

Четворката која ја издвоил Тен Хаг немаше голема минутажа под него минатата сезона и Холанѓанецот не смета на нив на долгорочен план. Од нив, Санчо имаше најмногу мечеви, 26 во Премиерлигата, додека Мектоминеј имаше само 10 старта во лигата, а Мегваер само осум.

Најголем проблем на Тен Хаг ќе бидат високите плати кои ги заработуваат фудбалерите и високата цена која ќе го бара клубот. За Санчо се заинтересирани Тотенхем, за Фред има интерес во Фулам, а Мектоминеј е поврзуван со трансфер во Њукасл.

Scroll to Top