Top Sport

Тен Хаг ги „прибира“ своите во Јунајтед, го сака и Де Лихт

Ерик Тен Хаг очигледно сака да ги собере своите поранешни играчи од Ајакс во Манчестер јунајтед, откако италијанските и англиските медиуми шпекулираат дека покрај Френки де Јонг од Барса, сака да го „прибере“ и Матијс де Лихт од Јувентус.

Самиот 22-годишен дефанзивец ги зголеми шпекулациите за можен трансфер, откако додека беше со холандската репрезентација изјави дека се сомнева дека ќе го продолжи договорот со Јувентус поради сомнежи за проектот на „старата дама“.

Според „Ла газета дело спорт“, Манчестер јунајтед се подготвени да му ги исполнат желбите за засилувања на Тен Хаг, кој очигледно има посебна љубов кон поранешните фудбалери на Ајакс. „Ѓаволите“ исто така го сакаа Де Лихт и во 2019 година, пред тој да направи трансфер во Јувентус. Во неговиот договор има откупна клаузула од високи 120 милиони евра, така што Јунајтед ќе мораат да преговараат со Јувентус за пореална цена.

Scroll to Top