Top Sport

Тен Хаг го испофали Артета и Арсенал: Се гледа дека имаат врвен тренер и победнички менталитет

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг го испофали својот ривал Микел Артета и неговите Арсенал пред утрешното дерби, но ги предупреди лидерите на Премиерлигата дека тие одат на победа на „Емирати“ во недела.

„Тие заслужувааат да се на позицијата во која се во моментов. Имаат навистина добра структура во начинот на игра и победнички менталитет и однос. Затоа се на врвот на лигата. Кога игравме со нив на почетокот на сезоната се забележуваше тренерскиот стил кој фунционира. Можеше да се види добра структура во тимот и сега се уште подобрени од тој дел од сезоната. Имаат одлична серија и за нас е да бидеме подобри. Знаеме што е потребно. Треба да сме на високо ниво и да не паднеме под притисокот. Ако го направиме тоа, тогаш имаме шанса за добар резултат“, вели Тен Хаг.

Scroll to Top