Top Sport

Тен Хаг го израмни рекордот на Кројф со Ајакс

Eрик Тен Хаг со Ајакс го израмни рекордот на Јохан Кројф во холандската Ередивизие по саботната 5:2 победа над Фортуна Ситард.

Со овој резултат, Ајакс има постигнато 250 гола во 82 меча под Тен Хаг и ова е само вторпат во Холандија да се достигне ова остварување по Ајакс на Кројф во 1987 година. 50-годишниот Тен Хаг го презеде Ајакс во 2017 и оттогаш ги освои сите титули во Холандија, а во 2018/19 имаше одличен настап во Лигата на шампионите, стигнувајќи до полуфиналето.

Во последните три меча, Ајакс постигна неверојатни 20 гола, вклучувајќи ја победата од 13:0 против Венло минатата недела, што беше рекорд во Ередивизие.

Scroll to Top