Top Sport

Тен Хаг го налути Роналдо, па вели: Мораме да ротираме

Менаџерот на Манчестер јунатед, Ерик Тен Хаг ја бранеше неговата одлука да го замени Кристијано Роналдо во моменти кога на „ѓаволите“ им беше потребен гол против Њукасл, инсистирајќи дека сака да го остави Португалецот „свеж“ за другите мечеви. Јунајтед на крајот одиграа само 0:0 на „Олд Трафорд“ со само два удари на голот на противникот, а Роналдо беше очигледно лут кога во 72. минута на негово место влезе Маркус Рашфорд.

„Мораме да играме четири натпревари во 10 дена и посебно за напаѓачите е важно да останат свежи. Мораме да ротираме бидејќи имаме проблеми со повредите. Антони Марсијал е недостапен поради повреда, па ниту Рашфорд не беше најдобро, така што немаше енергија за цел натпревар. Мораме да имаме план за четири меча, бидеји сакаме да победиме во сите нив“, вели Тен Хаг.

„Ѓаволите“ сега се вториот најнеефиксен тим во топ 10 во Премиерлигата – само Борнмут имаат помалку од 13-те гола на Јунајтед. Тен Хаг не е загрижен.

„Ќе има голови, ќе има многу голови, сигурен сум во тоа. Само да продолжиме да работиме кога ја имаме топката во нозе и кога чекаме контранапад. Сигурен сум дека моите напаѓачи ќе ја преземат одговорноста“, додава Тен Хаг.

Scroll to Top