Top Sport

Тен Хаг го предупреди Пелјистри: Во Јунајтед нема да чекаме 10 меча да се покажеш

Менаџерот на Манчестер сити, Ерик Тен Хаг му порача на Уругваецот Факундо Пелјистри да ја искористи својата шанса која ја добива, бидејќи во клубот немаат време за чекање.

По повредите на Алехандро Гарначо и Антони Марсијал, 21-годишниот Пелјистри го имаше првиот старт за Јунајтед во четвртокот против Реал Бетис, откако во јануари беше блиску до заминување од клубот, и Тен Хаг вели дека сега е шансата тој да докаже дека заслужува да биде во тимот, бидејќи во клуб како Јунајтед, нема време за чекање младите фудбалери да го покажат потенцијалот.

„Секако, тој може да биде успешен во тимот, но мора да го заслужи тоа. Прво треба сам да реши и да покаже. Начинот на игра, културата во клубот ќе му помогне, но на крајот фудбалерите сами треба да ги искористат своите шанси. Мора да го заслужат местото во тимот со добри перформанси секој ден, на теренот и надвор од него. Манчестер јунајтед не е во позиција да имаме трпение во 10 меча. Перформансите мораат да дојдат веднаш“, вели Тен Хаг.

Scroll to Top