Ерик Тен Хаг планира „безмилосно“ чистење на тимот на Манчестер јунајтед во обид да го крене нивото и да продолжи неговиот проект, а меѓу тие од кои би можел да се ослободи е Џејдон Санчо, фудбалерот за кој „ѓаволите“ платија богатство.
Јунајтед се на четвртото место во Премиерлигата по 2:0 поразот од Њукасл во неделата, и немаат дадено гол на последните три лигашки меча (покрај 7:0 поразот од Ливерпул и 0:0 ремито со Саутемптон). Според локалниот весник „Манчестер ивнинг њуз“, решението се гледа во носење на нови играчи во текот на летото, со Алекс Телес, Хери Мегваер, Брендон Вилијамс, Дин Хендерсон и Антони Марсијал на листата за продажба.
Тие исто така потенцираат дека Тен Хаг станува нетрпелив од однесувањето и подготвеноста на Џејдон Санчо и дека бил подготвен и него да го продаде. Санчо влезе во игра од клупа против Њукасл во неделата, но немаше големо влијание на теренот во меч во кој Јунајтед шутна само еднаш на голот.