Иако во Барселона јасно сметаа дека судијата ги оштети на дуелот со Манчестер јунајтед не досудувајќи пенал во финишот на мечот по играњето со рака на Фред во шестнаесетникот, од Јунајтед инсистираат дека токму тие се оштетени!
За нив е спорна ситуацијата во моменти кога „ѓаволите“ водеа со 2:1, а Рашфорд излезе сам пред голот, пред Жил Кунде да го фаулира на работ на шестнаесетникот. Тен Хаг доби жолт картон по протестите, и по крајот на мечот инсистираше дека се работи за голема грешк.
„Судењето имаше огромно влијание на мечот. Јасен фаул над Рашфорд! Можете да дискутирате дали е во шестнаесетникот или надвор од него, но тоа е јасен црвен картон бидејќи е сам пред голманот. Тоа имаше големо влијание на овој меч и на тој кој ќе го играме. Судиите не смеаат да прават вакви пропусти“, изјави Тен Хаг.
Рашфорд се согласи.
„Да бидам искрен уште не сум ги погледнал снимките, но навистина не сфаќам зошто судијата и неговиот помошник мислеа дека сам си паднав во таа ситуација. Отидов пред него, и нозете ми се пред топката кога тој ме удира по ногата. Можеби не е пенал, но 100 отсто е фаул“, вели Рашфорд.
Penalty? Red card for Koundé? Foul?
What do you think of this play between the French defender and Marcus Rashford? #BARMUN
pic.twitter.com/s0rKycVpjx— Reyi (@Reinaldodcg9) February 16, 2023