Top Sport

Тен Хаг има огромна доверба во скапото засилување: Антони знае да „убива“ на терен

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг му постави предизвик на своето најскапо засилување, бразилското крило Антони да го подобри скорот оваа сезона бидејќи знае дека тој има потенцијал да ги „убие противниците“.

„Ѓаволите“ платија 85 милиони фунти за Антони на Ајакс во текот на летото, со што стана второто најскапо засилување во историјата на клубот по Пол Погба. Дел од фановите се разочарани од неговиот учинок досега, но Тен Хаг вели дека тој имал клучни голови во Лига Европа.

„Секако, очекуваме повеќе од нашите напаѓачи, бидејќи не само што треба да се закана за противничкиот гол, туку треба да имаат и влијание на играта, а Антони мора да работи понапорно бидејќи е млад играч. Велите не давал голови во Премиерлигата, но затоа даде гол против Реал Бетис и важен гол против Барселона, а тоа беше големи мечеви. Ако го може тоа таму, тогаш мора да го може и во Премиерлигата. Го познавам и знам дека е фајтер и дека сака предизвици за победи. Затоа е во бразилската репрезентација. Тој е млад играч, кој знае да ги убие противниците“, вели Тен Хаг.

Scroll to Top