Во Манчестер јунајтед се сигурни дека пред крајот на преодниот рок ќе го добијат својот најпосакуван фудбалер, Френки де Јонг, тврди каталонскиот „Спорт“, откако лично интервенирал менаџерот Ерик Тен Хаг и го убедил својот порнешен фудбалер од Ајакс во проектот на „Олд Трафорд“.
Англиските и шпанските медиуми тврдеа дека Барселона и Јунајтед се согласиле на трансфер од сума од 63 милиони фунти, но дека 25-годишниот Де Јонг одбива да замине од Каталонија, но најверојатно проблемот е во 25-те милиони евра во плати кои му ги должи Барселона.
Според „Спорт“, Тен Хаг го убедувал Де Јонг лично и порачал на првите луѓе на Јунајтед да не се откажуваат од трансферот додека не се реши проблемот со неисплатените плати.