Top Sport

Тен Хаг ќе доби нов договор

Раководството на Ајакс ќе му понудат нов договор на тренерот Ерик тен Хаг. Договорот на 49 годишниот тренер истекува наредното лето, а Ајакс ќе му понудат нова пет годишна соработка.

Ајакс на Ерик тен Хаг има брилијантна сезона, во која се борат за титулата во Холандија, а во Лигата на шампионите преку Реал Мадрид и Јувентус изборија пласмна во полу-финалето.

„Тен Хаг е успешен тренер и продолжување на неговиот договор би било добро за клубот. Наредните денови ќе разговараме со тренерот за потоа деталите да ги ставиме на хартија. Претпоставувам дека исходот ќе биде позитивен“, рекол техничкиот директор на Ајакс, Марк Овермарс.

Ерик тен Хаг е тренер на Ајакс од декември 2017 година, во кариерата бил тренер на Го Ахед Иглс и Утрехт, а работел и во Баерн во вториот тим и како помошник на Пеп Гвардиола.

Scroll to Top