Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг ги пофали своите играчи за агилноста и способноста да играат со пресинг по 2:0 победата во пријателскиот меч со Арсенал во САД. Покрај оваа победа, „ѓаволите“ ја добија и договорената пенал-серија по мечот со 5:3.
„Мислам дека бевме многу добри. Бев задоволен од начинот на кој играме, колку бевме активни со топката во нозе и без неа. Тоа е начинот на кој сакаме да играме и ова е единствен период од сезоната кога навистина можеш да го работиш тоа на тренинг и да се подготвуваш. Мислам дека бевме добри со пресингот, сакаме да бидеме такви, да бидеме пресинг-машина, да играме таков тим. Тоа е важно за нашиот стил на игра и денеска го видов тоа во двете полувремиња“, вели Тен Хаг.