Менаџерот на Манчестер сити, Ерик Тен Хаг, лично се вклучил во обидот на клубот да го добие голманот на Ајнтрахт Франкфурт, Кевин Трап, тврди германскиот „Билд“.
Холанѓанецот сака да му донесе вистинска конкуренција на Давид де Хеа, откако клубот го прати Дин Хендерсон на позајмица во Нотингем форест, и Трап призна дека би прифатил шанса да игра во Премиерлигата, откако Јунајтед му нудат далек повисока плата. Ајнтрахт бараат 15 до 20 милиони евра за 32-годишниот Трап, кој е прв голман на шампионите од Лига Европа.