Менаџерот на Манчестер сити, Ерик Тен Хаг го повика капитенот Хери Мегваер својата форма од Светското првентво во Катар да ја „врати“ во Англија со својот клуб.
29-годишниот Мегваер оваа сезона повеќе време помина на клупата на Јунајтед, откако Тен Хаг му ја даде довербата на Лисандро Мартинез и Рафаел Варан, но тој беше постојан првотимец за Англија под Герет Саутгејт, со многу пофалби за својата игра и стабилност во одбраната. И Тен Хаг бил импресиониран.
„Јасно е дека тој е доволно квалитетен да игра на највисоко ниво. Имаше период во кој играше слабо за Манчестер јунајтед, но за Англија речиси постојано е во добра форма. Сакам таа форма да ја врати во клубот. Беше многу постојан и кога игра со ваква самодоверба тој е клучен играч за нас. Сите го очекуваме тоа од него“, вели Тен Хаг.
Јунајтед се враќаат во акција на 21 декември со меч од Лига купот против Барнли, пред да го пречекаат Нотингем форест во Премиерлигата на 27 декември.