Top Sport

Тен Хаг: Мојс беше храбар што го презеде Манчестер јунајтед во 2013

Менаџерот на Манчестер јунајтед го пофали Дејвид Мојс за неговата храброст да ги презеде „ѓаволите“ по пензионирањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година, пред да се сретне со Вест хем вечерва во Лондон.

60-годишниот Мојс доби неблагодарна задача да го замени најуспешниот менаџер во историјата на Премиерлигата пред една деценија, но беше отпуштен на четири меча пред крајот ан сезоната откако математички ги загубија шансите за пласман во Лигата на шампионите. Престојот на „Олд Трафорд“ секогаш ќе биде лош детаљ во кариерата на Шкотланѓанецот, но Тен Хаг вели дека тој треба да биде горд на својот успех.

„Иако зборуваме само хипотетички, јасно е дека кога треба да го замениш Сер Алекс пред тебе има голем предизвик и тешка работа за завршува. Тој го направи тоа и имаше храброст да пристигне на ‘Олд Трафорд’ и затоа бескрајно го почитувам. Тој има огромно искуство во Премиерлигата и многу вештини, никогаш не е лесно против неговите тимови“, вели Тен Хаг.

Scroll to Top