Top Sport

Тен Хаг не го внел Роналдо во игра поради „респект кон неговата голема кариера“

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг не бараше оправдувања по понижувачкиот 6:3 пораз од Манчестер сити во големото дерби, со кое се стави крај на ветувачката низа од четири победи на „ѓаволите“, по која навивачите се залажаа дека проблемите се во минатото и дека тимот игра поинаку и постабилно под холандскиот тренер.

„Се работеше за недостаток на самодоверба. Изненаден сум зошто не го донесовме тоа на теренот, видов поинаков тим, поинаков дух и поинаква борба. Не бевме доволно храбри, а играчите знаат дека можат многу подобро. Ако не се бориш, тогаш имаш голем проблем против тим како Манчестер сити. Овој пораз е поинаков од тој од Брентфорд,бидејќи таму не трчавме. Тука имавме желба, но не го следевме планот. Правиме многу грешки, не ги почитуваме правилата и сме недисциплинирани. Тоа не може да се случува. Не е прифатливо. Можеби против други тимови нема да бидеме казнети, но против Сити, нема да се случи тоа. Сакам да го сменам менталитетот и односот на тимот. Имаше реакција во второто полувреме, бевме похрабри и дадовме три гола. Но, од грешките може само да се научи“, вели Тен Хаг.

Запрашан зошто Кристијано Роналдо остана цел натпревар на клупата и не доби шанса барем во второто полувреме, Тен Хаг даде неверојатен коментар.

„Не го внесов во игра поради огромен респект кон неговата голема кариера“, објасни Холанѓанецот.

Scroll to Top