Top Sport

Тен Хаг не сака Јунајтед да го продадат Гринвуд

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг е подготвен да го прати Мејсон Гринвуд на позајмица, но е против продажба на талентираниот напаѓач, тврди „Манчестер ивнинг њуз“.

21-годишниот Гринвуд нема играно за „ѓаволите“ од јануари 2022, кога беше уапсен по обвиненијата на неговата девојка за физичко и сексуално насилство, но во февруари оваа година, обвиненијата беа повлечени, а тој повторно е со истата девојка со која очекува и дете. Клубот објави дека ќе направи сопствена интерна истрага пред да донесат одлука.

Гринвуд има уште две години од неговиот договор, а Јунајтед има опција да го продолжи на дополнителни 12 месеци. Тој неодамна почна со индивидуални тренинзи надвор од клубот.

Гринвуд има 35 гола во 135 настапи за Јунајтед и беше прогласен за најдобар млад фудбалер во клубот во 2019 година и Тен Хаг не сака клубот целосно да ја отфрли можноста тој да се врати во клубот.

Scroll to Top